Автограм вреден 20.000 евра: „Буба“ потпишана од Путин е продадена за добротворни цели

Автомобилот Фолксваген Буба потпишан од рускиот претседател за време на венчавката на австриската министерка Карин Кнајсел, беше продаден за 20.000 евра, а парите се уплатени за добротворни цели.

Кнајсел во интервју за Комерсант, рече дека „Бубата” била продадена на крајот од минатата година на аукција.

„Не ни припаѓаше на нас, ние ја добивме само за свадбата, а тој ден им кажавме на гостите дека сакаме да ја продадеме за добротворни цели“, рече Карин Кнајсел.

Путин на 18 август присуствуваше на венчавката на Кнајсел во Австрија и се потпиша на „Бубата“ на брачниот пар.