Автобус на Дурмо турс денеска не излезе од Гостивар: Очевидци тврдат дека му се блокирало задното тркало, сите патници го напуштиле автобусот

Една од линиите Гостивар-Скопје, на меѓуградскиот превозник Дурмо Турс денеска не излезе од Гостивар поради наводен дефект на автобусот.

Според информациите на очевидци автобусот откако тргнал од автобуската станица,  на постојката која се наоѓа до Културниот дом во Гостивар, дошло до блокада на задното тркало, а на асфалтот имало и трги од кочење.

Екипа на Тв Алфа е во Гостивар и  се обиде да стапи во контакт со компанијата Дурмо Турс, но тие денеска не работат.

Автобус на оваа компанија пред два дена се преврте кај селото Ласкарци, при што животот го загубија 14 лица а 37 се повредени.

Гледачите на Алфа телевизија ни пратија и фотографија од луѓе како излегуваат од автобусот на Дурмо турс.

-Среќа што денеска не се случи најлошото, пишува во коментар на Фејсбук на очевидец.

Со повеќе информации во вестите во 12:30, 14:30 и 17:30.