Автобусите на ЈСП со посебен сообраќаен режим за утрешниот маратон

Утре од 8 до 10 часот автобуските линии 25 и 59 А нема да сообраќаат поради одржување на Скопскиот маратон, а дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на возење.

Град Скопје и ЈСП информираат дека од 8 до 10 часот, по вообичаената траса ќе возат: 2, 2А, 12 и 19 и сите приградски линии.

Од 7 до 14 часот, по вообичаената траса ќе возат: 2, 2А, 12, 19, 20, 25А, 25Б, 42, 45 и 65В, како и приградските линии: 11, 11А, 18, 18А, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 66, 66А, 68, 69, 71, 81 и 118.

По изменети траси, користејќи ги околните сообраќајници, ќе возат линиите:

3, 3Б, 4, 5, 7, 8, 9, 15, 15А, 16, 17, 20, 21, 21А, 22, 22А, 23, 24, 27, 28, 50, 45, 52, 53, 55, 62, 63, 63А, 65, 65В, 66, 66А, 68, 69, 18А, 47, 47А, 61, 71, 81, 11, 11А, 18, 32, 56, 56А, 60, 118, 57, 59, 31, 41, 51, 67, 70, 74, 58, 73.

На веб-страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk може да се видат трасите на линиите кои ќе возат изменето од вообичаениот режим.