Австралија стана најновата земја која го отфрли Пактот на ОН за глобална миграција

Австралија стана најновата земја која одби да го потпише договорот за миграција на Обединетите нации, а министрите во Канбера рекоа дека тој не е во национален интерес.

Глобалниот пакт за миграција, кој треба да биде потпишан следниот месец на самитот на ОН во Мароко, „ризикува да охрабри илегален влез во Австралија“, се вели во соопштението потпишано од премиерот Скот Морисон, министерот за внатрешни работи Питер Датон и министерката за надворешни работи Марис Пејн.

Во соопштението се додава дека договорот исто така „не успева соодветно да прави разлика меѓу луѓето кои нелегално влегуваат во Австралија и оние кои доаѓаат во Австралија на соодветен начин“.

Пактот на ОН стана контроверзен во многу земји, особено во оние предводени од конзервативни влади како Полска, Австрија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Бугарија, Естонија, Израел и САД, кои рекоа дека нема да го потпишат.

Според критичарите, необврзувачкиот договор ја зацврстува економската миграција како човеково право, додека нејзините предлагачи велат дека ќе го подобри управувањето со меѓународниот проток на мигранти и ќе ги заштити човековите права.