Австралија на удар на два моќни циклони, илјадници луѓе евакуирани

Разорниот тропски циклон Тревор денеска го погоди северното крајбрежје на Австралија, носејќи со себе поројни дождови и силен ветер, кој на одредени места дувал со брзина и до 250 кимоетри на час.

Во моментот кога пристигнал до австралискиот брег, Тревор бил на ниво на ураган од 4 категорија, поради што властите прогласија вонредна состојба во областите кои се очекува да се на удар на циклонот.

Засега нема податоци за евентуални жртви ниту за материјални штети. Метеоролозите најавуваат цвечерва по локално време западните делови на Австралија да бидат погодени од циклонот Вероника. Поради ударот на два циклони властите веќе евакуираа илјадници луѓе.

Како што пренесуваат австралиските медиуми, ова е втор пат во историјата Австралија да биде погодена од два циклони во исто време.