АВМУ до Владата: Ги надминавте вашите надлежности

Бурни рекации предизвика вчерашната одлука на Владата која даде негативно мислење за Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година и да побара нејзина ревизија. Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, велат, се непријатно изненадени од ваквата реакција.

„Со одлуката да даде мислење и да бара ревидирање Владата ги надмина своите надлежности и постапки спротивно на насоките од извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија и на препораките на Советот на Европа за гарантирање на независноста на регулаторните тела во областа на медиумите. Во клучната препорака на Советот на Европа за независноста и функционирањето на регулаторните тела јасно и недвосмислено се истакнува дека јавните власти не смеат да влијаат на независноста на медиумските регулатори “, пишува во соопштението на АВМУ.
Во соопштението стои дека регулаторната стратегија била доставена до Владата, до Собранието и до МИОА не за усвојување, туку за да ги информира за тековните состојби, а реагираат и на наводите на Владата дека стратегијата не бика усогласена со другите стратешки документи за развој на оваа област.

Оваа стратегија не е неусогласена со, како што наведува Владата „другите стратешки документи за развој на оваа област“, имајќи предвид дека такви документи не постојат. Агенцијата, за да изработи издржана и квалитетна стратегија, во нејзиното изготвување ги вклучи пошироката експертска јавност, новинарските здруженија, граѓанските организации од сферата на медиумите, преку учество во бројните одржани состаноци и јавни расправи реагираат од агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми
Оттаму додаваат дека препораките од Брисел се токму за да се спречат вакви, како што ги нарекуваат, упади на извршната власт во работењето на регулаторите.