Абе: Хаменеи изјави дека Иран нема да создава нуклеарно оружје

Иранскиот верски лидер, ајатолахот Али Хаменеи изјави дека Иран нема и не треба да создава, да држи или да користи нуклеарно оружје и оти нема таква намера, соопшти јапонскиот премиер Шинѕо Абе во Техеран по средбата со иранскиот врховен лидер.

Абе е во посета на Иран за да предупреди дека во момент на зголемени тензии меѓу Техеран и Вашингтон, би можел да избие „случаен конфликт“.

Јапонскиот премиер таа порака ја пренесе еден ден по нападот на јеменските шиитски бунтовници Хути, кои ги поддржува Иран, врз аеродром во Саудиска Арабија, во кој беа повредени 26 лица.

Посетата на Абе е обид да се намали кризата на досега највисоко ниво.