Абази е во роднинска врска со инспекторот кој е дел од истрагата за „Беса Транс“

Зетот шеф на Организиран криминал ќе истражува дали неговиот дедо има вина во автобуската несреќа на „Беса транс“. Новоизбраниот обвинител Абази е сопруг на ќерката на првиот инспектор за транспорт Руфат Хусеини, на кој неуспешните контроли во просториите на агенцијата му се редеа со денови по несреќата.

Сега зетот Абази ќе треба докажува каде се пропустите на надлежните институции затоа што „Беса Транс“ си тераше бизнис беа дозволи и зошто станицата за технички преглед во Сарај, каде автобусот добил зелено светло, со низа нерегуларности не била затворена.. Лиценците и сертификатите ги издава Министерството за транспорт, но за нивна контрола е задолжен Државниот Инспекторат за транспорт чиј директор во време на несреќата беше Руфат Хусеини. Инспекторот во фамилијата по несреќата на ретките настапи пред јавноста наместо да објасни се чудеше како како автобусот ги минувал границите доколку немал лиценца.

Откако Абази беше прогласен за прв обвинител на Обвинителството за организиран криминал и корупција, информациите кои се проширија во јавноста говореа дека неговата сопруга односно ќерката на Руфат Хусеини е кандидатка во Академијата за судии и обвинители. Законот не доволува двајца обвинители од исто семејство или во брак да работат во исто апелационо подрачје во случајот гостиварското. Но сега откако Абази ќе шефува со Организиран, неговата сопруга нема да има проблем да се вработи по завршувањето на Акдемијата.

Освен првата, Абази ќе треба да ја продолжи и истрагата по кривичната пријава за Арафат Муареми, поради која пак Русковска се судри со највисоките ешалони во Обвинителството и беше суспендирана.

Откако 66 обвинители го заокрижија неговото име и победи во тесна трка со Незири, јавноста конечно имаше можност да го види. Веднаш вети дека ќе бори со криминалот и корупцијата, вети и транспаретност, ама рече и дека иако се од исто село со лидерот на ДУИ, не го познава. Само по два часа, Алфа дојде до фотографија на која се тој и братот на лидерот на Интегративците, Фикри Ахмети од која јасно се гледа нивната блиска корелација. Тврдењата на Абази дека нема контакт со никој од партијата на власта, се удавија во вода кога се виде дека е фотографиран и со Невзат Бејта е поранешен градоначалник на Гостивар од ДУИ и потпретседател на партијата. 

Викторија Миткова

Advertisements