});

Стразбур пресуди против Русија во случајот Пуси Рајот

Европскиот Суд за човекови права во Стразбур бара од руската држава да им исплати 48.760 евра на членките на бендот Пуси Рајот, кои во 2012 беа осудени на речиси две години затвор.

Панк групата, која отворена се спротиставува на владеењето на Владимир Путин, во 2012 беа осудени на затворски казни поради настап во православна црква.

Судот денеска во пресудата оцени дека членките на бендот биле изложени да деградирачки третман и дека затворските казни биле премногу строги. Начинот на кои девојките биле изложени во стаклени кафези и фактот што им било забрането да комуницираат приватно со адвокатите Судот ги оцени како деградирачки третман.

Руското Министерство за правда има три месеци да ја обжали пресудата.