});

Мицкоски: не се бакува пенкало, туку името на сопствената земја!

Изборот е помеѓу две опции: спас на кариерата на Заев или битката за Македонија, јас ја избрав втората, гледам истата сте ја избрале и вие штом сте денеска овде, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски на протестниот марш што опозицијата денеска го организираше во Кавадарци. На власта и порача дека ВМРО нема да го уништат, а на премиерот дека не се бацува пенкалото туку името на сопствената земја.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети на неисполнетите ветувања на СДСМ, ги спомна фирмите Еурокомпозит и Колска, за кои власта ветила трајно решение, но и по 14 месеци, немало ни плати ниту решение. Мицковски истакна дека земјоделието е на најниско ниво и летово помина, а владата не исплатила отштети за невремето од лани. Претседателот на опозицијата потенцираше дека не се пазарат за ДИК, туку  бараат само фер услови на следните предвремени парламентарни избори.
Мицкоски посочи дека со законот за амнестија за лицата од 27-ми април, што го подготвува опозицијата пораката е јасна  „Доста беше уништување на македонското во Македонците“.
Дипломатијата на власта според Мицковски е  финалето на како што рече  тоталниот хаос кој се продуцира во секоја сфера од животот. Посочи – „И кога ќе ви кажат дека на крајот од тунелот имало некаква светлина, бидете сигурни тоа се светлата на комбињата на власта кои шверцуваат цигари.“
 Катерина Гетева