});

Мала посетеност на владините журки во Охрид и Тетово

Тетово и Охрид први ги организираа владините журки и тоа од 18 часот. И на двете места имаше слаба посетеност и далеку од весела атмосфера.
Во градот под Шара настапуваат Биг Мама, Дани и Хај Контрол, а во градот на УНЕСКО пеат Исмаил Луамоновски и Лозано.
Помеѓу охриѓани вечерва беше и министерот за здравство Венко Филипче, пратениците од Охрид во Собранието од редовите на владејачката СДСМ, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, како и советниците од СДСМ во Градскиот совет. Во Тетово пак се појави министерот за внатрешни Оливер Спасовски, министерот без ресор Едмонд Адеми и заменик – министерот за одбрана Беким Максути.