});

Македонија на големо се подготвува за големата популистичка предреферендумска прослава

Македонија на големо се подготвува за големата популистичка предреферендумска прослава која освен во Скопје, ќе се одржи и во 15 градови. Славењето ќе биде за поканата за покана за НАТО, под услов да го смениме името и уставот.

Во главниот град бината веќе се монтира во Градскиот Парк кај Школка. До пладне речи се течеше како што треба, и работниците на скелиња ги финализираа последните подготовки.

Полека се подготвува бината за утрешната прослава. Изведувачите токму овде, но и во останатите градови – треба да настапат на манифестацијата. Од Владата барем за сега, не знаат колку пари ќе бидат потрошени за прославата.
Вакви слични бини веќе се поставуваат и во другите градови, каде ќе се организираат големи, гала прослави и концерти. Алфа направи анкета со граѓаните од повеќе градови каде овие забави ќе се одржат. Во најголемиот дел од изјавите, тие се потсмеваат со ваквиот чин, дел, пак се гневни на начинот на кој се трошат нивните пари.
Ништо не е подобра ситуацијата ниту во останатите градови. Граѓаните се фрапирани и не веруваат до кое дереџе може да оди владиниот популизам.
Власта оптимистички очекува голема посетеност на прославата која ја финансира со граѓански пари, чин за кој како и за се досега, никој не ги праша засегнатите граѓани дали тоа го одобруваат. Како што и дел од нив веќе изјавија, потегот на Заев им наликувал како раздавање за душа.
Борис Грујоски