});

Ќе добие ли Охрид уште еден загубар?

Изградбата на катни гаражи е од витално значење за туристички Охрид,проблем кој градот никако не успева да го реши.Со години, во пресрет на летото се прават обиди да изготвување сообраќајно решение кое во летниот налет, нема да го блокира секојдневното функционирање на градот, создавајќи хаос по улиците. Сега,со воведувањето на зонско паркирање,практично цел град се претвори во паркинг простор. Поголемиот дел од улиците,дури и главните сообраќајници кои водат кон центарот се користат и за паркирање. Охриѓани и туристите ценат дека на градот му требаат катни гаражи.

  • Анкета (1.Па му треба нормално, бидејќи доаѓаат многу туристи и нормално треба, меѓутоа како ќе се регулира тоа.Каде ќе се направат,тоа е многу важна работа; 2. Голема е инвестиција, да ви кажам јас сум од градежна струка и сметам дека треба да се најде погодна локација; 3.Тоа е корисно, ама да не стане на товар во друг смисол, па не се одржава и да стане збир на ѓубриште.Иначе треба просторот е мал, на просторот паметно да се делува)

Во локалната самоуправа разногласие,градоначаникот Стојаноски смета дека треба најпрвин да се направи одредена студија која ќе се прави допрва, а од секторот за сообраќај велат дека веќе барале соодветни локации за изградба на катни гаражи.

  • Во овој изминат период од 6 месеци значи работиме на тоа, работиме околу тоа, прво лоцирање на местата каде би биле многу е битно.-Изјава Зоран Шикалески-раководител на сектор за сообраќај.
  • Сепак треба да ја донесеме таа одлука врз основа на одредена студија.Мораме да водиме под број два сметка за исплатливоста на таа катна гаража, затоа што не сакаме како општина да предизвикуваме нова задолженост,нов загубар.-Изјава Јован Стојаноски-градоначалник на Охрид.

Битолчани пак кои им го скроија на охриѓани решението за зонско паркирање ,во однос на катните гаражи исфрлија идеа која за Охрид звучи како научна фантастика.

  • Се додека во моментот кога урбанистички ќе се најде по мене локација за неколку катни гаражи или оформување на подземни транспортни центри,каде што ќе имате можност да го оставите возилото, да изнајмите велосипед да изнајмите електрично возило да изнајмите електричен велосипед.-Изјава Јован Христоски- 24 ИНГ-Битола.

Инаку уште пред 3 години тогаш актуелната локална власт се заложи за изградба на 4 катни гаражи на локации од кои две и сега се разгледуваат како можни опции: непосредно до гратското пазариште и во стариот дел на градот кај Горна порта.

Росица Голабоска