});

Франција и Хрватска за шампионската титула во Русија

За Триколорите ова е втора шанса да се искачат на тронот во светскиот фудбал додека Хрватите ќе се обидат за прв пат во историјата да бидат најдобрата селекција на планетава.

Двете репрезентации повторно ќе се соочат по пауза од две децении кога на Светскиот куп во Франција во 1998 година играа во полуфиналето. Тогаш Триколорите забележаа победа и подоцна го освоија шампионскиот трофеј додека Хрватска во борбата за третото место успеа да забележи победа и да го постигне најголемиот успех во историјата.

Во меѓувреме Французите имаа и еден настап во финалето, но на Мундијалот во 2006-тата беа поразени од Италија. Додека Хрватите во овој период ниту еднаш не успеаа да ја минат првата фаза од натпреварувањето.

Со евентуален триумф на денешниот натпревар Дидие Дешамп ќе биде само третиот во историјата кој го освоил пехарот како играч и селектор и ќе им се приклучи на Франц Бекенбауер и Марио Загало.

Хрватите на патот до финалето во елиминациската рунда своите противници Данска, Русија и Англија ги совладаа откако играа продолженија од два пати по 15 минути, а во првите две соочувања победникот беше решен по изведување на удари од 11 метри.

Франција своите противници ги елиминираше по 90 минути игра, а беше поуспешна од Аргентина, Уругвај и Белгија.

Главен арбитар на натпреварот ќе биде Аргентинецот, Нестор Питана, кој ја делеше правдата и на отворањето на првенството кога Русија славеше над Саудиска Арабија.