});

Далиќ ќе го менува составот за Франција

Стандардниот лев бек во националниот тим Иван Стриниќ поради повреда ќе мора да го пропушти финалното соочување со Франција. Стриниќ се повреди на полуфиналниот натпревар против Англија и неговото место ќе го заземе Јосип Пивариќ.

Далиќ се уште има мака со составувањето на екипата бидејќи се уште е неизвесен настапот на Иван Перишиќ, а вчерашниот тренинг го пропуштија голманот Иван Субашиќ и Дејан Ловрен.