});

Аргентина го раскина договорот со Сампаоли

По катастрофалниот настап на Светското првенство, националната асоцијација бараше начин како да го раскине договорот со Сампаоли, а не мора да го плати превисокото обештетување.

По долги разговори конечно е најдено решение и Сампаоли ќе си замине од функцијата, а за предвремениот раскин на договорот, кој важеше до 2022 година ќе добие сума од два милиони долари.

Според медиумите во земјата меѓу најсериозните кандидати за нов предводник на националниот тим се споменуваат Маурисио Покетино, Диего Симеоне, Матијас Алмеида и Марсело Гаљардо.