});

Ахмети го издаде Заев: договор со Грција и законот за двојазичност ќе стапат на сила заедно!?

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, открива детали од договореното со Заев. За тиранската телевизија „Ора њус“ Ахмети изјави дека се работи на стратегија чија цел е конечно да стапи во сила законот за јазиците. Дали Ахмети го издаде планот на Заев за  протнување на двојазиноста во Макеоднија?
– Употребата на јазиците може да се очекува и ратификува, но мислам дека постои важен момент, дури и заедно во пакет и законот и договорот со грчката страна да стапат во сила заедно. Ние разработуваме стратегија за да биде еден успешен чекор, изјави Ахмети. Тој зборува и околу името на Република Македонија, нагласувајќи дека Албанците биле вклучени и оти тие ги дефинирале имињата што ќе ги сметаат за неприфатливи. Албанците се задоволни, името е прифатливо за нас, изјави Ахмети за Тв Ора.