Филмови

Девет

Филм на режисерот Роб Маршал и Даниел Деј Луис, Мерион Котијард, Пенелопе Круз, Никол Кидман, Кејт Хадсон...

Сабота, 06.04.2013 во 19:30 ч.
 
ДЕВЕТ (Nine) ПРЕМИЕРА

Еден славен филмски режисер, Гвидо Контини, се обидува да ја пронајде хармонијата и среќата меѓу неговиот професионален и приватен живот додека се вовлекува во драматични односи со својата сопруга, со љубовницата, со неговата муза, со неговиот агент, со мајка му...

Арогантен и самобендисан се обидува смислата на својот живот да ја пронајде и во сценариото што го пишува за својот најнов филм.

Во хаосот во кој ќе се најде пред целосно да се уништи тој спас ќе побара во балансот што треба да го постигне меѓу креативноста и неговите приватни опсесии.

Режија: Роб Маршал
Играат: Даниел Деј Луис, Мерион Котијард, Пенелопе Круз