Филмови

Азиска конекција

Стамфорд, приватен детектив, и Карла, неговата девојка, доаѓаат на свадбата на нивниот стар пријател Ли Ченг. Кога свадбената веселба ќе биде во полн ек, настанува хаос кога сите гости на една од масите ќе бидат отруени.

Петок, 05.04.2013 во 23:20

Азиска конекција (Asian connection 1)

Стамфорд, приватен детектив, и Карла, неговата девојка, доаѓаат на свадбата на нивниот стар пријател Ли Ченг. Кога свадбената веселба ќе биде во полн ек, настанува хаос кога сите гости на една од масите ќе бидат отруени.

Шесте жртви се со различни карактери и биографии, од бизнисмен до колумнист во забавна рубрика на еден весник.

Како да го пронајдеш убиецот кога незнаеш ниту која бил вистинската жртва?

Стамфорд тргнува во потрага со тоа што ги елиминира една по една трагите кои не се битни за да дојде до вистината која ќе излезе прилично бизарна...


Режија: Џефри Нотејџ
Играат: Џон Вотерс, Сајмон Босел, Џема Ривера