Документарна

Нови документарни серии

Наскоро дури 9 нови и ексклузивни документарни серии на Алфа телевизија. Никако не смеете да ги пропуштите „Кина: Подем и превирања“, „Атенбороу: 60 години во дивината“, „Ледената планета“, „Бин Ладен на нишанот“, „Цивилизацијата е историја на западот“, „Смртоносна трка со оружје“, „Мормонскиот кандидат“, „Секс преку интернет: Какви се последиците?“, „Викиликс: Тајни и лаги“...

 Кина: Подем и превирања (China Triumph & Turmoil) – е документарен серијал на Нил Фергусон кој низ средбите со милионерите во кинеските мегаградови, со оние кои се на работ на приживувањето, со агресивните националистички хакери и со храбрите застапници на традиционална Кина, го објаснува подемот и превирањата во современото кинеско општество... Прашањата што ги поставува Фергусон се дали 21 век е ерата на Кина, или ќе бидеме сведоци на падот на црвениот змеј?

Атенбороу: 60 години во дивината (Attenborough: 60 years in the wild) – е серијал од три многу лични филмови на големиот филмски режисер и истражувач сер Дејвид Атенбороу во кој тој се осврнува на неспоредливите промени во природата...

Ледената планета (Frozen Planet) – документарна филмска авантура која ве води едно епско патување на Северниот и Јужниот пол. Приказни и пејсажи за Арктикот и Антарктикот какви што никогаш досега не сте виделе... И веројатно никогаш повеќе нема да ги видите.



Бин Ладен на нишанот (Targeting Bin Laden) – Најнова документарна серија за последните денови пред да биде изведена операцијата за заробување на Бин Ладен. Возбудлив филмски документ за работата на разузнавачите, армиските стратези и оперативци и за деталите кои го открија засолништетот на Бин Ладен...

Цивилизацијата е историја на западот (Civilization Is the west history) – Уште еден телевизиски потфат на Нил Фергусон кој се впушта во потрага на одговорот за тоа зошто од 15 век наваму Западната цивилизација е таа која доминира со светот. Дали конкуренцијата, науката, приватната сопственост, модерната медицина, потрошувачкото општество и протестантската етика, се единствените вредности кои ја ставија западната цивилизација на престолот на светот?

Смртоносна трка со оружје (The World’s deadliest arms race) – Документарно сведоштво за анонимните Талибанци кои во селските тајни и импровизирани работилници ги прават смртоносните мини кои станаа совршено и смртоносно оружје против силите на коалицијата во Авганистан.



Мормонскиот кандидат (The World: The Mormon Candidate) – Телевизискиот документарист Џон Свини ги истражува принципите на Мормоните и нивната религија како најбрзо растечка верска група во светот. Посебно место во серијата има кандидатот за претседател на САД Мит Ромни...

Секс преку интернет: Какви се последиците? (Websex: What’s the harm) – Натали Емануел истражува какви промени донесе интернет комуникација во однос на сексуалните навики на Британците на возраст од 16 до 24 години. Во разговор со нив, кои се постојано на социјалните мрежи или на другите апарати од мобилната технологија, таа ни ги открива новите секс навики онлајн.

Викиликс: Тајни и лаги (Wikileaks: Secrets and lies) – Телевизиска серија за луѓето кои се или беа дел од Викиликс и кои ја раскажуваат сосптвената приказна за мотивот да го претворат новинарството во отворен концепт благодарение на технологијата на 21. век.