Серии

Хотел Вавилон

„Хотел Вавилон“ не пренесува во светот зад сјајот и фасадата на беспрекорност на насмеаните лица, гламурозните ентериери на хотелите од високата класа каде што ги следиме тривијалните и сосема прозаични ликови на хотелскиот персонал, како и на гостите.

Среда, четврток и петок во 20 часот

ТВ серијата „Хотел Вавилон“ е испирирана од бестеселерот на Имоџин Едвардс-Џонс која го опишува животот зад завесата на луксусзните хотели во Лондон. 

Во продукција на BBC, „Хотел Вавилон“ не пренесува во светот зад сјајот и фасадата на беспрекорност на насмеаните лица, гламурозните ентериери на хотелите од високата класа каде што ги следиме тривијалните и сосема прозаични ликови на хотелскиот персонал, како и на гостите.

Од постојаните ликови во серијата која досега доживеа 4 сезони, тука се харизматичниот Тони (Декстер Флечер) како шармантен и дискретен консиерж, деликатната, но итра рецепционерка Ана (Ема Пирсон), заводннците Џино (Мартин Маркез) и Бен (Мајкл Обиора) и собарката Тања (Данира Гович).

Освен овие ликови, низ серијата ќе продефилира една цела галерија на сликовити карактери кои учествуваат во приказните со боливудски свадби, фото-сесии за познати личности за големи магазини, мафијашки пресметки и многи други кои ја прават динамиката на оваа серија и воедно едно од најгледаните ТВ продукции во последните години.