Филмови

Навигаторот

„Навигаторот“ (The Navigator: A Medieval Odyssey) е австралиско-нивозелндска копродукција од 1988 година во режија на Винсент Ворд кој ги освои сите вредни награди во Австралија и Нов Зеланд, вклучувајки ја и наградата на австралискиот Институт за најдобар филм.

Понеделник, 18.03.2013 во 23:30 ч.

Навигаторот

„Навигаторот“ (The Navigator: A Medieval Odyssey) е австралиско-нивозелндска копродукција од 1988 година во режија на Винсент Ворд кој ги освои сите вредни награди во Австралија и Нов Зеланд, вклучувајки ја и наградата на австралискиот Институт за најдобар филм.

Филмот не пренесува во средниот век кога во Англија владее „Црната смрт“, односно чумата, кога луѓето во очајничките обиди да се справат со болеста која го коси народот, одлучуваат да му се препуштат на едно дете кое има визија за решение ба епидемијата.

Тој и уште неколкумина негови пријатекли и авантуристи ќе тргнат во мисија во која треба да ја победат смртта, времето и очајот и да ја вратат надежта и светлината во нивната земја.

Режија: Винсент Ворд
Играат: Крис Хејвуд, Пол Ливингстон, Џеј Лагаја.