Документарна

Дивата Европа

„Дивата Европа“ (или некаде може да се сретне и под насловот „Europe: A Natural History“) е документарна серија која се фокусира на централните настани, епохи и природни феномени кои ја обликувале историјата на природата и пејсажот на Европа во изминатите три милиони години.

Сабота, 15:00 ч.

Серијалот прв пат е емитуван во 2005 година на Би-Би-Си, а потоа и во голем број европски земји, како и низ светот.

Авторите на серијалот работеле со многу анимации за да ги прикажат исчезнатите видови на најстариот континент, како и за да прикажат како изгледале поважните градови во Европа во различни временски епохи.