Документарна

Опус Деи - Кодот на Да Винчи

Документарниот филм „Опус Деи - Кодот на Да Винчи“ е фасцинантен поглед зад кулисите на една од најконтроверзните организации на Католичката црква.

Четврток, 07.03.2013 20:55 ч.

Документарниот филм „Опус Деи“ е фасцинантен поглед зад кулисите на една од најконтроверзните организации на Католичката црква. Филмот го следи развојот на „Опус Деи“ од 1928 година до денешен ден и го објаснува глобалното влијание на оваа доктрина на Ватикан и ги открива вистиснкиите приказни зад контроверзното верско практикување со високи духовни критериуми.

„Опус Деи“, формално позната како Прелатура на Светиот Крст и Опус Деи, е организација во рамките на католичката црква која учи дека секој човек е повикан да биде свет и дека неговиот секојдневен живот треба да биде пат кон светоста.

Се работи на една елитна организација која преку посебни обреди и ктитериуми ги избира нејзините членови кои се раководени од Прелат, односно бискуп кој е избран од посебно тели на Кардиналскиот совет на ватикан

Основана во 1928 година од шпанскиот католички свештеник Хозе Марија Ескрива, организацијата добила одобрување дури во 1950 година од Папата Пие XII. Во 1982 година, Папата Јован Павле Втори го одобри актот според кој јурусдикцијата врз членовите на „Опус Деи“ се определува од надлежниот Прелат што го одобрил Советот на кардиналите, а не според географскиот принцип.

Освен критиките упатени заради тајновитоста, контроверзите на селекцијата и строгите правила, „Опус Деи“ била обвинета и заради мизогинија, односно омраза кон жените, како и заради отворената подршка кон авторитарните власти и десно ориентираните влади

Последните години „Опус Деи“ доби внимание и заради делата на Ден Браун кои постигнаа глобален успех и кои главно се занимаваат со тајните на ватикан.