Документарна

Преживување - Маринец снајперист

Со еден сосема невообичаен и досега невиден пристап, документарниот филм „Преживување - Маринец снајперист“ ги вовелкува гледачите во светот на интензивните обуки за елитните воени единици - маринците.

недела, 24.02.2013, во 16:15 ч.

Со еден сосема невообичаен и досега невиден пристап, документарниот филм „Преживување - Маринец снајперист“ ги вовелкува гледачите во светот на интензивните обуки за елитните воени единици - маринците. 

Нуркачи и снајперисти, посебни едници за извлекување на ранети војници и специјалисти за демонтажа на бомби и други експлозивни направи... Сите тие се актери во овој документарец кои ја раскажуваат својата приказна за тоа како го заслужиле местото во овие единици.

Овој документарен филм, како дел од еден серијал за специјалните и елитните воени единици беше еден од најгледаните на Дисковери каналот во 2010 година.

„Преживување - Маринец снајперист“ е продукција на прочуениот тандем Боби Вилијамс и Ал Едингтон, ветерани во документаристиката. 

 

sniper

Од: komandos

Време: 21.02.2013 19:14:32

Коментар: the best