Алфа ТВ продукција

Алфа ТВ Концерти

Алфа ТВ во својата продукција посебно внимание им посвети на соработката со домашните музички уметници и изведувачи, како и со поголем број музички промотори и агенции кои организираат концерти на домашни и на странски изведувачи.

Во таа насока досега се реализирани повеќе од педесеттина концерти. Она што е карактеристчно за Алфа ТВ е, освен концертите снимени според однапред утврдените телевизиски стандарди за овој тип продукција на вообичаените фестивали, е посебниот пристап и концепт од кој се родија десеттици концерти снимени според сценарио и креативен концепт на Алфа ТВ.

Такви се концертите од циклусите „Македонија - Звуци и простори“ кој ги опфати музичките бендови „Чалгија, саунд систем“, „Тони Китановски оркестар“, „Сет стат“ и „ТБ Трачери“.

Од соработката со фестивалите и промоторите ги издвојуваме концертите снимени за време на фестивалите ОфФест, Охридско лето, Скопски џез фестивал, Блуз и Соул фестивал, Охрид Џез фестивал, Кумановски тамбурашки фестивал...