Информативна

Европски патокази

Целта не емисијата е да им овозможи на гледачите сеопфатно и навремено информирање за актуелните и суштински парашања за ЕУ и за нашиот евроинтеграциски процес.

Сабота, во 18:00 часот

Оваа емиаија на програмата на Алфа ТВ се остварува во соработка со дописникот на агенцијата МИА во Брисел, Бобан Нонковиќ. 

Нонковиќ, како уредник и водител на оваа емисија е во средиштето на Европската Унија, Брисел, каде што се креираат европските политити и каде што треба да заврши процесот на прилучувањето на Република Македонија како членка на унијата. 

Целта не емисијата е да им овозможи на гледачите сеопфатно и навремено информирање за актуелните и суштински парашања за ЕУ и за нашиот евроинтеграциски процес. 

Оттаму, темите на оваа емисија ќе ги покриваат актуелните настан поврзани со ЕУ и Македонија. Согоровници за овие теми се европските функционери, европратеници, комесарите на Европската Комисија, како и другите креатори и донесувачи на одлуки. 

Во исто време, емисијата ќе посвети должно внимание и на прашањата од интерес на Европа, на Европската Унија и на нејзините граѓани од сите земји членки. 

Заедничките, ЕУ политики, за важни прашања, ефектите од постојните регулативи и односи на во заедничката европска перспектива, како и прашањата од глобален интерес.