Филмови

Ноговодишна филмска програма

Препуштете и’ се на магијата на филмот и на магијата на новогодишните празници...

01.01.2017, (недела) во 00:20 часот (Веднаш после полноќ)

„Основен инстинкт 2“ (Basic Instinct 2: Risk Addiction) е еротски трилер од 2006 година и продолжена приказна на Кетрин Тремел, во легендарната изведба на Шерон Стоун.

Кетрин повторно има проблеми со полицијата откако еден маж ќе биде пронајден мртов откако претходно имал контакти со фаталната дама. За да го испита во деталји случајот, Скотланд Јард го испраќа психијатарот доктор Мајкл Глас за да го направи профилот на Кетрин, но многу бргу и тој нема да знае како да се извлече од игрите со сексуална заводливост што му ги приредува сензуалната жена...

01.01.2017, (недела) во 02:15 часот

„Патриот“ (The Patriot) е американска акциска драма која во основата ја има приказната од романот „Последниот Канаѓанец“ на Вилијам Кејн. Стивен Сигал е доктор и научник, експерт за вируси. Тој ќе се најде во средиштето на заговорот кој има за цел да експериментира со смртоносен вирус врз граѓаните на цел еден град.

Весли Мекларен (Сигал), ќе одлучи дека на оваа смртносна игра во која се вовлечени владини структури, треба да и стави крај...

01.01.2017, (недела), во 10:55 часот

„Планетата 51“, е британско-шпански научно-фантастичен анимиран филм наменет за целото семејство. Гласовите на јунаците во филмот и на нивните карактери им даваат живот познатите филмски артисти како што се Двејн Џонсон, Џесика Биел, Џастин Лонг, Гери Олдман, Шон Вилијам Скот и Џон Клиз.

„Планетата 51“ е најскапиот европски анимиран филм досега, вреден 70 милиони долари.

01.01.2017 (недела), во 20:35 часот

„Платеник“ (The Mercenary: Absolution) е акциски филм со Стивен Сигал во главната улога. Филмот е продолжување на приказната од претходниот филм на Сигал („Добар човек“, A Good Man).

Џон Александар (Сигал) е платеник, но овој пат презема акција заради љубовта семејството на еден од неговите најдобри другари. Откако ќе се спаси ќерката на пријателот од канџите на шефот на мафијата, тој е растргнат меѓу изборот да остане до кртај со девојката и да ја спси, или да остане лојален на владината агенција која го најмила за да заврши една валкана задача...

02.01.2017 (понеделник), во 21:00 часот

„Критична состојба“ (Pound of Flesh) е канадски трилер од 2015 година со Жан-Клод Ван Дам во главната улога.

Дикон (Ван Дам) е поранешен агент за тајни операции кој едно утро се буди во еден хотел во Манила, на Филипините, и сфаќа дека е жртва на трговци со човечки органи. Неговиот бубрег во текот на ноќта му е изваден. Со свежа рана, што сам ја сошива, тој тргнува низ улиците на Манила во потрага по својот бубрег. Ноќта го води во најмрачните предградија на градот, во бордели, нелегални боречки клубови и во најелитните имоти на тамошните милионери. Времето немилосрдно ги отчукува последните секунди од неговиот живот додека тој губи капка по капка од својата крв... Но, ништо нема да го запре...

02.01.2017 (понеделник), во 23:55 часот

„Добар човек“, (A Good Man), е акциска драма и трилер со Стивен Сигал. Џон Александар (Сигал) е лидер на една тајна операција за која никој не смее да знае дека зад неа стои владата. Цел на акцијата е муслиманскиот екстремист и терорист Абу Алваки кој се крие во планините на Дагестан, како и Чен, шеф на мафијата кој е соработник во криминалот.

Акцијата е делумно успешна бидејки Чен успева да се извлече од мечот на правдата. Но, за кусо...