Забавна

Семеен магазин

Откријте го „Семеен магазин“, и бидете со нас секој работен ден од 14.40 часот.


Емисијата „Семеен магазин“ доаѓа во вашите домови и со себе ја носи топлината, непосредноста и едноставното сфаќање за животот со малите секојдневни задоволства како што се: добрата кујна и вкусните јадења, практичните совети за вашето здравје, за вашата убавина, за семејството и домот...
   

За полесно и за поубаво секојдневие, водителите на оваа емисија ви презентираат гости кои ќе ви понудат совети и ефикасни решенија за целото семејство, како и оригинални препораки за жените и за мажите.

Практични совети и решенија за некои модни теми, препораки за добра и здрава храна, иснтрукции за игри и рекреација зе целото семесјтво... Нешта за кои е потребно малку време и малку пари...

Откријте го „Семеен магазин“, и бидете со нас секој работен ден, заедно со Искра Канзурова, Емилија Розман и Тина Таутовиќ.