Серии

Куќа од срце

Реалното шоу кое има за цел да им изгради дом на сиромашните семејства кои се соочуваат со несреќи во животот ...

Реалното шоу кое има за цел да им изгради дом на сиромашните семејства кои се соочуваат со несреќи во животот.

Семејствата кои се дел од овој проект имаат прилика да бидат не само станбено згрижени, туку и материјално помогнати и на тој начин повторно да се интегрираат во општеството. 
Во оваа хуманитарна акција се вклучени голем број на фирми, организации и поединци кои сакаат да помогнат и да донираат за идниот дом на семејството кое живее во мизерни услови. 
Мајсторите и волонтерите ангажирани во оваа емисија, поведени од хумани мотиви ќе го изградат домот и целосно ќе го опремат. 
Додека домот се гради, семејството е сместено кај роднини или пријатели. Куќата треба да биде изградена во рок од триесетина дена. Последниот ден е финалето во кое семејството се вселува во куќата, ден кој е исполнет со многу емоции, кои никого нема да остават рамнодушен. 
"Куќа од срце" ги освои срцата на гледачите од регионот со својата безгранична хуманост и великодушност. 
А на Алфа можете да ја следите од понеделник до петок во 20:00 часот.