Документарна

Австралија - Безвременска земја

На еден оригинален начин стануваме сведоци на настанокот на растителни и животински видови кои се родиле само во Австралија и на ниту едно друго место на светот.

Австралија е најголем остров на светот и најмалиот континент. Тоа е исклучително егзотична, интригантна и мистериозно „исклучена“ земја од сето она што е познато и што би требало да биде претпоставка за некаква поврзаност со останатите делови од светот на природата.

Австралија со своите автентични непрегледни пустини, со дождовните џунгли уникатни само за овој дел од светот е земја на екстремности.

Документарниот филм „Австралија - Безвременска земја“ ги води гледачите на патување назад во времето кое го одзема здивот. На еден оригинален начин стануваме сведоци на настанокот на растителни и животински видови кои се родиле само во Австралија и на ниту едно друго место на светот.