Серии

Бела лаѓа

За серијата „Бела лаѓа“ се вели дека е индиректен следбеник на популарниот филмски серија од осумдесеттите години на минатиот век – „Тесна кожа“.

Од понеделник до петок, во 21:45 часот.

За серијата „Бела лаѓа“ се вели дека е индиректен следбеник на популарниот филмски серија од осумдесеттите години на минатиот век – „Тесна кожа“. Автор на сценариото на „Бела лаѓа“, како и на „Тесна кожа“ е Синиша Павиќ, драматург кој потпишал неколку десеттици серии и филмови од кои некои се сметаат за најгледани и најпопуларни во регионот.

Централниот лик во „Бела лаѓа“ е Среќко Шојиќ кој го толкува Милан Лане Гутовиќ, додека јунакот од „Тесна кожа“, Димитрије Пантиќ, ја игра втората главна улога, овој пат во интерпретација на Петар Краљ, наместо легендарниот Никола Симиќ.


Во „Бела лаѓа“, третиот столб на серијата е ликот Шпиц кој го толкува Предраг Смиљковиќ.

Шојиќ е бизнисмен и претседател на Партијата на здравиот разум. Финасиер на партијата е Шпиц.

Вечниот ривал и противник на Шојиќ е Хаџи-Здравковиќ, претседател на партијата Демократска ренесанса“.


Своите политички амбиции Шојиќ се обидува да ги оствари со помош на мафијата и со бескрупулозна битка во која жртви е неговите пријатели, роднини, познаници...

Оваа модерна урбано-политичка драмска серија, како и во сите досегашни проекти на Синиша Павиќ, изобилува со комични сцени, урнебесни заплети и живописни ликови...