Документарна

На пат со Цепенков

Од документарната продукција на Алфа ТВ и авторите Левеска и Чунихин...

Од понеделник до петок, во 07:00 часот.

Од документарната продукција на Алфа ТВ и авторите Левеска и Чунихин...

,,Малите приказни голем ум даваат ‘‘ е лајтмотивот на документарната серија со работен наслов На пат со Цепенков. Преку прказните, преданијата, легендите и поговорките на Цепенков ги откриваме денешните луѓе, нивните навики и табиет. Документарната серија ќе ја покаже сличноста на луѓето од 19 век, кои ги опишува Цепенков, и денешните луѓе, а тоа е така поради универзалноста на пораките и мудроста која народот ја носи како свое духовно наследство.


Документарната серија „На пат со Цепенков“ има за цел преку забава да ги едуцира и да им го покаже на гледачите нашето богато народно творештво, да ја популаризира уникатната етнографија и да ги оживее дијалектите.

Низ приказната ќе не води ,,духот‘‘ на Цепенков, кој ќе биде препознаен од гледачите преку неговите специфики ( наочарите, црниот фанел, бастумот ). Тој ќе не прошета низ речиси сите градови и низ многу села во Македонија. Преку приказните и сведоштвата на луѓето ќе дознаеме за локалните митови и легенди кои се пренесувале од колено на колено, но и автентично ќе го слушнеме локалниот дијалект. Ќе дознаеме како се живее, каде најдобро се јаде, од која лековита вода пијат и кој им бае на децата од уроци...


Секоја епизода ќе почнува со ,, духот ‘‘ на Цепенков кој преку една приказна ќе не воведе во градот/ областа кој ќе биде тема на таа епизода. Потоа продолжува да се развива приказната и се врзува за луѓето од тој град/област. Цепенков оди на градскиот пазар или чаршија и преку поговорки иницира разговор со пазарџиите или дуќанџиите. Овие луѓе го упатуваат кон пријателите кои секој ден седеле пред продавничката во чаршијата или пазарот. Цепенков оди кај пријателите и им кажува поговорки за пријателството и пиењето и разговара со нив за градските феномени. По инспиративниот разговор, пријателите го упатуваат да ја проба најубавата храна ( фурна, слаткарница...) во чаршијата или на пазарот. Цепенков пробува од храната и со мајсторот започнува разговор преку поговорка за јадењето. Оттаму заминува во чаршиската берберница од каде ќе ги дознае сите новости во градот , но и локални феномени. Берберот го праќа Цепенков кај локалната бајачка од која ќе дознае интересни информации за нејзината дарба, но и за луѓето на кои им помага. На крајот од секоја епизода, Цепенков со една гатанка го најавува градот и луѓето од наредната епизода.


Идејата е оваа серија да допре до секој гледач, до сите слоеви во општеството и да ја оживее народната мудрост собирана низ вековите, а која и денес звучи подеднакво свежо како во моментот кога била собирана и создавана.