Серии

Рането срце

Нериман е млада девојка која била воспитувана и пораснала во средина со конзервативни вредности. Таа живее повлечен живот, но таа посакува нешто друго. Таа сонува за еден поинаков живот, иако наскоро треба да се венча со својата љубов од детството – Шинаси.

Секој работен ден, во 22:00 часот

Нериман е млада девојка која била воспитувана и пораснала во средина со конзервативни вредности. Таа живее повлечен живот, но таа посакува нешто друго. Таа сонува за еден поинаков живот, иако наскоро треба да се венча со својата љубов од детството – Шинаси.

Нејзината братучетка Пелин живее во еден од деловите на Истанбул во кој живеат најбогатите луѓе и знае дека Нериман сонува за еден поинаков живот. Пелин ќе ја покани Нериман на една забава. 


Таа забава ја претвора Нериман во Пепелашка. Нејзиниот татко и нејзиниот свршеник не знаат каде е таа во кобната вечер, а на забавата таа ги магепсува сите со својата убавина и невиност.

Нериман таа вечер силно ќе го привлече вниманието на Меџит, богатиот плејбој. Тие влегуваат во врска која целосно ќе ги промени и нивните, но и животите на нивните семејства и пријатели.


Судбината на Нериман ќе се најде во средиштетона судирот на традиционалната и модерната култура на живеење во Турција...