Забавна

Најсмешни домашни видео инсерти

Пребарајте ги старите VHS касети, премотајте ги снимените свадби, родендени, одмори. Прегледајте ги видеата во телефоните, на компјутерите. Прашајте ги баба, дедо, соседите... А ако не можете ништо да најдете, тогаш телефоните во раце и снимајте ги вашите смешни домашни видеа

Сабота, 22:30 часот

Пребарајте ги старите VHS касети, премотајте ги снимените свадби, родендени, одмори.  Прегледајте ги видеата во телефоните, на компјутерите. Прашајте ги баба, дедо, соседите... 

Бараме свечености, акробации или обични секојдневни ситуации кои сите ве насмеале до солзи.  

А ако не можете ништо да најдете, тогаш телефоните во раце и снимајте ги вашите смешни домашни видеа и испратете ги во Алфа ТВ на адреса „Качанички пат“ Б.Б. или на мејл адресата: najsmesnividea@alfa.mk


Или, бидете уште побрзи и попрактични, симнете ги апликациите за андроид и ајфон од сајтот на Алфа ТВ и испраќајте ги вашите видео директно од вашиот телефон.

Оние што ќе не насмеат до солзи ќе освојат вредни награди: фотоапаратим, телефони, апарати за домаќинство, телевизори, лаптопи, камери и многу други награди...

На крајот од сезоната следува изненадување - голема награда за целото семејство. 

Ако досега не сте го испратиле вашето најсмешно видео, направете го тоа сега. Телефоните в раце и снимајте.

Вашите видеа ги чекаме на нашата адреса: Алфа ТВ, Качанички пат, б.б. 100о Скопје

Или на мејлот najsmesnividea@alfa.mk

Од 1 август „Најсмешни домашни видео инсерти“, само на Алфа ТВ.

!!!!!

Многу важна информација:

Програмскиот сервис на АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје ги известува граѓаните дека во рамките на серијалот емисии ,,Најсмешни домашни видео инсерти,, ќе бидат презентирани видео записи кои се директно пласирани од трети субјекти за цели на емитување на серијалот. 

Телевизискиот сервис  ќе врши емитување  на содржината на видео  материјалот како изворен материјал  со што не е во обврска да ги регулира авторските права со учесниците, кои се исклучива одговорност на креаторот на содржините.  

Креаторот на содржините не смее да прикачува, поставува или на друг начин става на располагање, на овој медиум, било каков материјал кој е заштитен со авторски права, трговска марка или друго сопственичко право, без претходна дозвола од сопственикот на авторските права, трговската марка или другото сопственичко право. Креторот на содржината е единствено одговорен спрема трети лица за било каква штета настаната од секое прекршување на авторски права, трговски марки, сопственички права или кои било други штети што произлегуваат од  доставените видео материјали. 

Со емитувањето на видео материјалот, креаторот на содржината гарантира дека сопственикот на тој материјал експлицитно му дал не-ексклузивно право и дозвола за употреба, репродукција, прилагодување, право за објавување и телевизиско емитување, превод и дистрибуција на таквиот материјал. 

Креаторот на содржината се согласува дека дава ексклузивно право на телевизијата за емитување на видео материјалот.