Серии

Семејно богатство

Главните јунаци во оваа серија се членовите на белградското семејство Гавриловиќ. Дедото, таткото, сопругата и нивните три деца. Дедото Трајко Гавриловиќ кога бил млад закопал еден ќуп сп злато во нивниот двор. Неговиот син Гаврило сакајки да реши еден семеен проблем ќе земе пари од претпријатието каде што работи. Се надевал дека парите ќе успее да ги врати пред да забележат...

Од понеделник до петок, во 21:00 часот

На Гаврило не му успева да се раздолжи и тој решава да го продаде имотот на што го наследил од татко му. Дедо Трајко упорно го убедува да не го продаде и му кажува дека таму има закопано богатство.

Гаврило не го слуша својот татко. Мисли дека тој е сенилен и дека не знае што зборува. 

Имотот е продаден, но долгот не е вратен. Малерот што го придружува Гаврило во овој период го следи и сега. Тој, наместо да ги врати парите, заглавува уште повеќе и дозволува парите од имотот да му ги земе секретарката на неговиот директор.

Новиот сопственик на плацот со закопаното богатство дознава дека во неговиот двор се крие азно. Но, открива и дека сега ќупот е во дворот на соседот кој некогаш порано ја поместил оградата од неговиот двор во дворот на дедо Трајко.

За да си го врати делот од дворот што му припаќа Тихомир од Власотинце, новиот сопственик на имотот, прави план: Тој го наговара својот братучет да се ожени со ќерката на соседот Пандуровиќ. 

Тихомир успева во својата намера, го пронаоѓа златото и ќе го однесе во банка.

Заради некои случајни околности Тихомир и неговиот вујко Житомир завршуваат во затвор, а внукот Ѓоша почнува да го троши златото.

Дедо Трајко ја дознава целата ујдурма од својот поранешен сосед и добар пријател Пандуровиќ и ќе се обиде да си поврати златото. Но, тоа е сега преполовено заради алчноста на Ѓоша...

Дедо Трајко, сепак успева да си врати барем дел од своето богатство и им го подарува на своите внуци...