Документарна

Крим: Враќање кон татковината

Филмот, според неговиот автор, нуди докази дека целата таа операција е правена со асистенција на американските тајни служби и дека како последица на тоа завладеа хаос на целата територија на Украина, при што единствени и најголеми жртви се руското население таму.

Сабота и недела, на 28 и 29.03.2015, во 18:00 часот.

Овој документарен филм на режисерот Андреј Кондрашов, ни доаѓа премиерно и ексклузивно само две недели по неговата светска премиера и после една година од референдумот на кој граѓаните на Крим одлучија полуостровот да се врати во границите на Русија.

Тоа беше одлука која демонстрираше дека народот на Крим не сака да биде дел од очајната ситуација во Украина, додека меѓународната заедница, главно претставена во интересите на САД и Велика Британија - го сметаше враќањето на Крим во границите на исконската татковина како империјалистичка окупација на Руската Федерација која, дополнително, ја предизвикала граѓанската војна во Украина во која источните провинции одлучија да се отцепат од украинската држава.

Овој исклучителен документарен филм во сите негови елементи покажува какви се, и какви ќе бидат последиците од насилничкиот преврат и државен удар во Украина со кој е турнат легитимниот претседател на Украина Јанукович. 

Филмот, според неговиот автор, нуди докази дека целата таа операција е правена со асистенција на американските тајни служби и дека како последица на тоа завладеа хаос на целата територија на Украина, при што единствени и најголеми жртви се руското население таму. 

Документарецот ислустрира зошто Кримскиот полуостров бил од толку значаен интерес на Нео-нацистичките милициски сили на Украина, како и зошто следувал толку одлучен и силен одговор на Руската Федерација, односно на рускиот претседател Владимир Путин. 


Воените и политичките постапки на Руската федерација испратија јасен сигнал дека оваа земја нема да ги толерираа провокациите на американската империјална хегемонија, и овој документарен филм ги образложува позициите на Русија визави ова прашање.