Серии

Крв и солзи

Серијата што долго ја чекавте. Достојната наследничка на сагата за долината на волците. Серија што го освои регионот и стана најгледана. Ексклузивна акција... Невозможна љубов... Семејна драма...

Од понеделник до петок, во 22:00 часот

Серијата што долго ја чекавте. Достојната наследничка на сагата за долината на волците. Серија што го освои регионот и стана најгледана. Ексклузивна акција... Невозможна љубов...  Семејна драма... 

Телевизиска серија што предизвика многу емоции за една приказна која доаѓа од југоисточниот дел на Турција каде што секој ден има лоши вести и солзи. Но, и покрај таквата судбина, народот, младите што живеат тука се полни со љубов и родољубие за својата земја.


Војници и луѓе се мета на оружјето на омрзата секој ден. Многу љубовни приказни завршиле уште пред да бидат почнати. Тагата расте уште повеќе заради предавствата и платениците...

Оваа приказна, оваа судбина на неговите сонародници сака да ја оконча командант Сердар кој ја дели истата судбина – и љубовна и патриотска. Тој сака мирот и пријателството да залвладеат наместо омразата и вековните оружени битки.


Неговата идеја и намера ќе започнат да ја следат многу други млади луѓе и најавуваат дека се подготвени да одат до крај само за да ја запрат оваа трагична судбина.

Но, коммандантот Сердар има и една лична приказна и причина поради која го става својот живот на коцка во многу смртоносни ситуации. Тој е во потрага по својата сестра која е грабната од терористите. 

Додека е во потрага по Зехра, неговата сестра, и додека го изложува својот живот на ризик, тој се заљубува во девојка која е на страната на непријателите.


Во една таква ситуација, љубовта и страста се судираат со омразата и државните непријатели. 

Кој ќе биде победник во оваа битка? Кој ќе биде поразен во триаголникот на љубовта? Кој ќе го запре огнот на насилството, а кој ќе го сочува огнот на љубовта?