Документарна

Шесто сетило

Авторот на оваа документарна серија ќе посети и ќе сними десеттици хербалисти, шамани и врачеви, биотерапевти, луѓе медиуми што комуницираат со другата страна на познатото, духовни исцелители и бајачи низ цела источна Европа, вклучувајки го и Балканскиот полуостров.

Дали навистина постои шестото сетило? Дали навистина постојат исцелители кои светот и своите пациенти ги доживуваат и на друг начин освен со поглед, со слух, со допир, со вкус и мирис?

Авторот на оваа документарна серија ќе посети и ќе сними десеттици хербалисти, шамани и врачеви, биотерапевти, луѓе медиуми што комуницираат со другата страна на познатото, духовни исцелители и бајачи низ цела источна Европа, вклучувајки го и Балканскиот полуостров.


Она што го прави различен авторот на оваа серија од другите слични, е што тој не се воздржува од тоа самиот да биде изложен на „лечење“, баење, да учествува во повикување на мртвите...

Самиот тој ќе ги искуси магичните напивки, ќе ги остеи на своја кожа пијавиците, огнените јазици, вжештените ножеви...


Се со цел најнепосредно да ви ги пренесе доживувањата, чувствата и емоциите овој човек ќе се изложи на прочитувања на духот и телото, на мистични ритуали и сеанси кои се далеку од познатите траидиционални методи за лечење на телото и душата...