Филмови

Доктор Младен

После победата над германскиот окупатор во битката кај Мраковица, станува командант на повеќе од илјада партизани и станува трн во окото на окупаторот.

Сабота, 21.02.2015, во 15:35 ч.

Филм инспириран од вистинска личност и настани од Втората светска војна на просторите на поранешна Југославија. 

Доктор Младен Стојановиќ е лекар од Приједор и еден од водачите на бунтот на планината Козара. Како силна личност, познат доктор и авторитет за граѓаните на градот и околината, успеал да привлече голем број граѓани кои им се придружиле на партизанските единици.

После победата над германскиот окупатор во битката кај Мраковица, станува командант на повеќе од илјада партизани и станува трн во окото на окупаторот.

Режија: Митхад Мутапџиќ
Улоги: Љуба тадиќ, Павле Вујисиќ, Љубиша Самарџиќ, Јелена Жигон