Алфа ТВ продукција

Правила за програми со наградно учество и за телефонски услуги со додадена вредност

Согласно препораките на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги на Република Македонија, Алфа ТВ ги објавува правилата за своите за програми со наградно учество и за телефонски услуги со додадена вредност.

Опис, правила и награди во квизот на знаење и вештини „Арена“, втора сезона, од 05.02.2017 година 


ПРАВИЛА И БОДУВАЊЕ ВО ВТОРА СЕЗОНА НА КВИЗОТ АРЕНА


ПРВА  ИГРА: ПРОНАЈДИ ГО ОДГОВОРОТ

Играат сите натпреварувачи истовременоПонудени се четири одговори од кои еден е точен. Секој натпреварувач бира одговор за кој мисли дека е точен. За секој точен одговор натпреварувачот добива по 1 поен.


ВТОРА ИГРА: АСОЦИЈАЦИЈА

Почнува натпреварувачот со стартен број 1.

Доколку натпреварувачот ја погоди колоната со едно отворено поле добива 4 поени

Доколку натпреварувачот ја погоди колоната со две отворени полиња добива 3 поени

Доколку натпреварувачот ја погоди колоната со три отворени полиња добива 2 поени

Доколку натпреварувачот ја погоди колоната со четири отворени полиња добива 1 поен

Согласно бројот на отворени решенија на колони за погодено главно решение натпреварувачот може да добие:4 поени, 6 поени, 8 поени или 10 поени.

 

ТРЕТА  ИГРА: БИДИ ДЕТЕКТИВ


Во оваа игра водителот внимателно раскажува една мистериозна случка, и го поставува клучното прашање за решавање на истата. Натпреварувачите откако ќе го сослушаат прашањето му поставуваат дополнителни прашања на водителот на кои тој одговара само со да или не.Доколку одговорот е да натпреварувачот кој го поставила прашањето има право да постави уште едно прашање или да понуди одговор. Целта е да се даде точен одговор на поставеното прашањереши мистеријата.

Во оваа игра почнува натпреварувачот со најмал број на поени, а оној натпреварувач што ќе го погоди точниот одговор кој ја решава мистеријата, добива 20 поени.


ЧЕТВРТА  ИГРА: СЛАБА ТОЧКА

Почнува натпреварувачот со најголем број поени.

Во табелата има 20 прашања на четири теми. Натпреварувачот по случаен избор отвара една тема, а прашањето се отвара откако ќе го избере противникот кој ќе одговара на прашањето.

Секој натпреварувач  одбира еден од противниците да одговара на прашање од темата која  тој ќе ја избира по случаен избор.Натпреварувачот кој го бира прашањето добива т.е.губи 3 поени  доколку противникот кој што одговара не го знае или го знае одговоротНатпреварувачот кој одговара на прашањето добива 3 поени  доколку одговори точно на поставеното прашање,т.е. губи 3 поени доколку не го знае точниот одговор.


ПЕТТА  ИГРА: 
БРЗИ ПРСТИ

Натпреварувачите имаат на располагање 20 прашања. Одговараат по принцип на брзи прсти. За секој точен одговор натпреварувачот добива по 4 поени, а за неточен одговор губи 2 поени.

 

ШЕСТА ИГРА: ЛИЦИТАЦИЈА

Во оваа игра има дванаесет прашања поделени во четири теми. Секој натпреварувач почнувајки од оној кој има најмалку поени наизменично бира тема на која ќе одговара и вложува одреден број поени од сопственото салдо. Доколку одговори точно на прашањето кое следува добива онолку поени колку што вложил во ова прашање. Доколку не одговори точно на ова прашање ги губи оние поени што ги вложил во ова прашање. Доколку натпреварувачот ги вложи сите поени во одредено прашање и ги изгуби, бидејки нема веќе што да вложи го губи правото за учество во останатиот дел од играта. Доколку натпреварувачот има негативен број на поени пред почетокот на оваа игра, тогаш нема право да учествува во истата.

***

Организатори на квизот „Арена“

Студио Пегаз, и

Алфа ТВ