Филмови

Паризанска ескадрила

Само една сила на тлото на стариот континент им се спротивстави на германските сили и во воздухот - југословенската партизанска ескадра.

Сабота, 14.02.2015, во 15:00

Пролетта, 1942 година, во екот на Втората светска војна, германското воздухпловство имаше целосна превласт и контрола на небото над поранешна Југославија, и над цела Европа.

Само една сила на тлото на стариот континент им се спротивстави на германските сили и во воздухот - партизанските ескадрили.

Партизаните тогаш се осмелија да заробат неколку авиони, а потоа жестоко да им се спротивстават на нацистите во воздушните битки.

Овој филм е епопеја за јуначката одважност и храброст на партизанските пилоти.

Режија: Хајрудин Крвавац
Улог: Беким Фехмију, Бата Живојиновиќ, Љубиша Самарџиќ, Данчо Чевревски