Серии

Монтевидео, кога сонот ќе стане легенда!

Покрај најновите, досега невидени епизоди од втората и третата сезона, Алфа ТВ го обезбеди комплетниот серијал, вклучувајки ја и првата сезиона, за да се обезбеди континуирано и целосно доживување на оваа романтична фудбалска приказна.

Од четврток, во 22:00 ч.

„Монтевидео, кога сонот ќе стане легенда!“ е ТВ серија која ги вклучува трите сезони телевизискиот и филмски проект „Монтевидео“, („Монтевидео, Бог те видео!“), „На пат за Монтевидео“ („На путу за Монтевидео“) и „Монтевидео, се гледаме!“ (Монтевидео, видимо се!“) произведени во 2012, 2013 и 2014 година. Три сезони од еден исклучително високобуџетен телевизиски проект кој доживеа огромна популарност во регионот на поранешна Југославија, но и во светот.


Покрај најновите, досега невидени епизоди од втората и третата сезона, Алфа ТВ го обезбеди комплетниот серијал, вклучувајки ја и првата сезиона, за да се обезбеди континуирано и целосно доживување на оваа романтична фудбалска приказна.


Сценариото на серијата е напишано врз основа на книгата на спортскиот новинар Владимир Станковиќ која опишува еден вистински настан – големиот упсех на Кралството Југославија на првото Светското првенство во фудбал во Утугвај, односно во главниот град Монтевидео, во 1930 година.


Дејствието во серијата започнува 1929 година и ги следи идејата и нејзината реализација, и Југославија да формира фудбалска репрезентација и да настапи на првото светско првенство кое требаше да се одржи следната година преку океанот, во Јужна Америка, во Уругвај.


ТВ серијата ги следи животите на неколкумина херои и спортски ентизијасти кои од една страна се борат се скојдневните проблеми и сиромаштијата, а од друга страна им го спротивставуваат својот сон на тогашната југословенска, односно белградска буржуазија, која го смета фудбалот за недостоен, селски спорт.

Во првата сезона на серијата ја следиме нивната битка општеството да го прифати фудбалот. Во втората го следиме нивниот пат до Уругвај, кој воопшто не е лесен за нив, со оглед дека треба да патуваат во втората бродска класа повеќе од три недели. 


Во третата ги следиме настаните на самото светско првенство и големото изнемадување пред очите на целиот свет, кога момците белградските предградија го освојуваат третото место, како и враќањето на фудбалерите на Кралството Југославија кои во Белград се дочекани како најголеми јунаци.

Така еден сон стана легенда.

Режија: Драган Бјелогрлиќ
Улоги: Милош Биковиќ, Петар Стругар, Предраг Васиќ, Данина Јефтиќ, Небојша Илиќ, Војин Ќетковиќ, Милутин Караџиќ, Бранимир Брстина...