Серии

Девојката со име Фериха

Телевизиската серија „Девојката со име Фериха“ е животна приказна за Фериха Јилмаз, ќерка на еден домар и на чистачка кои живеат во подрумот на зградата „Етилер“, станбен објект со најлуксузни станови во Истанбул. Серијата „Девојката Фериха“ беше емитувана низ целиот свет и доживеа дотогаш незапаметен успех. На Балканот ги проби сите рејтинзи на гледаност, а истото ќе го постигне и во Македонија.

Од четврток, во 19:00 часот 

Телевизиската серија „Девојката со име Фериха“ е животна приказна за Фериха Јилмаз, ќерка на еден домар и на чистачка кои живеат во подрумот на зградата „Етилер“, станбен објект со најлуксузни станови во Истанбул.

Уште од првиот ден кога се доселија тука, Фериха се прави дека е нешто што не е: ќерка на богати родители што живеат во истата зграда. Таа почнува да го гради својот живот од лаги уште поинтензивно кога ќе ја добие студентската стипиендија и кога ќе го запознае Емир, богато момче, кое со родителите живее во „Етилер“.


Емир е убавец, прилика која ја посакуваат и за која сонуваат илјадници девојки во Истанбул, но неговото срце ќе потклекне пред шармот и мистериозното однесување на Фериха која започнува да ја игра фаталната игра...

За Емир, Фериха е девојка од бајките: убава, чесна и богата... Тој не е ниту малку свесен дека неговата Фериха од бајките, Фериха чие име на арапски значи весела, среќна и задоволна, е, вушност, потполно лажна...

Во стапицата од лаги што Фериха почна да ја плете, се вплеткаа и таа и Емир, како и сите нивни најблиски и најмили во двете семејства...


Нивната голема и страсна љубов, изградена на лаги, ќе создаде многу занимливи ситуации што ја прават оваа серија исклучително гледлива.


***

Серијата „Девојката Фериха“ беше емитувана низ целиот свет и доживеа дотогаш незапаметен успех. На Балканот ги проби сите рејтинзи на гледаност, а истото ќе го постигне и во Македонија.

Главната ролја во серијата ја толкува Хазал Каја, која на гледачите на ТВ серии им е позната преку ликот Нихал од серијата „Страстите на Оринетот“. Нејзината мајка во серијата е една од најдобрите глумици во Турција, Вахиде Гордум, втората султанка Хурем од легендарната „Сулејман величенствениот“.

Големата љубов на Фериха Емир, во серијата го толкува Кагатај Улусој, еден од најпознатите плејбои во Турција, момче кое во 2010 година беше прогласен за најдобар машки модел во оваа земја.


Медиумите, за време на снимањето на серијата, известуваа дека Хазал и Кагатај имале жешка афера и за време на снимањето на серијата зад камерите, но подоцна тие двајца ја демантираа оваа вест.