Серии

Битка на Неретва

Филмот е најрепрезентативниот југословенски партизански филм снимен во 1969 година. Секако е најгледаниот ју филм во светот, а денеска се памти како најголемиот и најскапиот филмски спектакл од поранешна Југославија. На Алфа ТВ филмот ни доаѓа како мини серија во три епизоди.

Филмот е најрепрезентативниот југословенски партизански филм снимен во 1969 година. Секако е најгледаниот ју филм во светот, а денеска се памти како најголемиот и најскапиот филмски спектакл од поранешна Југославија.

Буџетот од речиси 12 милиони долари, во тоа време, беше доволно привлечен за да привлече една сериозна меѓународна актерска екипа што ја предводеа Орсон Велс, Јул Бринер, Сергеј Бондарчук, Франко Неро...


Филмот, по сценарио на Стеван и Вељко Булајиќ, кој го потпиша и како режисер, е направен според вистински настан од Втората светска војна на просторите на поранешна Југославија, односно во Босна и Херцеговина. 

Настанот е познат и како битка за ранетите.


Најголемата концетрација на партизанските сили во тоа време беа на таа териоторија и германските сили, во комбинација со четничката војска ја иницираше така наречената Четврта офанзива која имаше за цел да ја стави во стапица партизанската војска, која заради ранетите, тешко се движеше, и да ги уништат.

Партизанските единици и нивните команданти возвратија со невидена херојска битка и со воена тактика која и ден-денеска се изучува на воените академии...

„Битка за Неретва“, од повеќе институции и жири комисии, како и според многубројните анкети на филмските фанови, е најдобриот екс-ју филм на сите времиња и секогаш е радо гледан, дури и денес.

Еден од оригиналните постери за филмот го изработил прочуениот Пабло Пикасо, кој наместо пари како хонорар, побарал кутија со најдобри вина од Југославија. 


Освен милионскиот буџет, филмот е познат и по огромниот број статисти - само од поранешната југословенска армија биле ангажирани 10 илјади војници, и исто толку цивили. Биле изградени и уништени 4 села, неколку тврдини, неколку десеттици тенкови и еден вистински железнички мост...

На Алфа ТВ филмот ни доаѓа како мини серија во три епизоди.

Режија: Вељко Булајиќ
Улоги: Орсон Велс, Јул Бринер, Сергеј Бондарчук, Франко Неро, Силва Кошчина, Милена Дравиќ, Харди Кругер, Олег Видов, Љубиша Самарџиќ, Бата Живојиновиќ, Коле Ангеловски...