Документарна

Археолошка авантура - Еригонски пат

„Археолошка авантура – Еригонски пат“ е документарна серија во 5 епизоди за патот на Александар низ Македонија кој телевизија Алфа го сними во соработка со Управата за заштита на културно наследство.

„Археолошка авантура – Еригонски пат“ е документарна серија во 5 епизоди за патот на Александар низ Македонија кој телевизија Алфа го сними во соработка со Управата за заштита на културно наследство.

Најголемиот крал и војсководец Александар Македонски, одлучува по најкус пат да стигне до градот Пелион, откако дознал дека таму ќе се сретнат Тауланите и Илирите. Тој по една дијагонала влегува на територијата на Република Македонија и патува кон Пелион. 

Се додека не откриеме на која локација во Македонија се наоѓа гробницата на Александар, ќе го истражуваме патот по кој тој минал низ нашата земја кога имал само 21 година, вели професорот Виктор Лилчиќ, во една од епизодите. 

Археолошките податоци, старите градови и тврдини, патната траса и речните долини низ нашата земја овозможуваат со голема прецизност да се следи рутата која ја минал Александар со својата војска во 335 год п.н.е. 

Документарниот серијал за Александар, кој ексклузивно се прикажува на програмата на Алфа се емитува секој ден од 19 до 23 јануари во 12:30 минути.
 

Од: Митре

Време: 23.01.2015 21:12:47

Коментар: Кога ќе има реприза од документарците?