Серии

Луд, збунет, нормален

Најновите, досега неемитувани епизоди, од мегапопуларната ТВ серија „Луд, збунет, нормален“, публиката во Македонија ќе има можност да ги гледа на Алфа телевизија.

Од понеделник до петок, во 20:30 ч.

Ова е најновата програмска понуда на нашата телевизија, направена врз основа на исклучителната популарност што оваа ТВ серија ја оствари во изминатите седум години на целокупниот простор на поранешна Југославија.

Во најновите епизоди и понатаму настапува вонредно квалитетната глумачка екипа на чело со маестралниот Мустафа Надаревиќ. Негови партнери во лудориите остануваат Сенад Башиќ, Муамер Косумовиќ, Тања Шојиќ, Жана Марјановиќ... Продуцентите и во продолжението на серијата ја задржаа праксата во одделни епизоди да настапуваат и познати глумачки имиња од останатите поранешни ју републики како што се Боро Стјепановиќ, Горан Навојец, Нивес Иванковиќ, Драган Маринковиќ... 


„Луд, збунет, нормален“ е босанска телевизиска серија која започна да се емитува уште во 2007 година и сеуште предизвикува голем интерес и затоа постојано се снимаат нови циклуси. 


Приказната се врти околу трите генерации на семејството Фазлиновиќ кои живеат во еден стан во Сараево. Најстариот е Изет (Мустафа Надаревиќ), кој има син Фарук (Сенад Башиќ), кој, пак, има син Дамир (Муамер Косумовиќ). Наскоро ќе се роди и четвртата генерација Фазлиновиќ, синот на Дамир, Џемо за да биде комплетна веселата, луда и збунета фамилија.

Како и да е, Изет и понатаму е лудиот, фарук е збунет, а Дамир, нормален колку што може да се биде нормален во едно вакво семејство кое секојдневно предизвикува смешни ситуации и во нив ги вовлекува сите околу нив.



 

Koga kje bide?

Од: Sterija

Време: 28.01.2015 21:49:37

Коментар: Кога планирате да почнете со емитување на генијалциве? Поздрав!

Од: Stefan

Време: 25.01.2015 17:41:18

Коментар: Koga ke pocne serijata?

Од: Kire

Време: 22.01.2015 21:32:12

Коментар: TOOoooo LUD ZBUNJEN NORMALAN !!! BRAVO

12