Филмови

Новогодишни филмски премиери

Три топ филсмки премиери за време на новогодишните празници. Во среда навечер и во четврток дружете се со Џони Деп, Амбер Херд, Џовани Рибизи, Арон Екард, Јуан Мекгрегор, Пирс Броснан, Оливија Вилијамс, Бредли Купер, Џереми Ајронс, Денис Квејд, Оливија Вајлд...

Среда, 02:00 (после полноќ)

Дневникот на румот (The Rum Diary)

Американскиот новинар Пол Кемп, во желбата да избега од минатото, завршува со Порто Рико како фриленс журналист кој се обидува да балансира меѓу новата култура неговите сонародници кои во оваа островска земја сакаат да профитираат.

Во меѓувреме, тој „паѓа“ на шармот на фаталната Шенол, која за да биде проблемот уште поголем, е свршеница на локалниот моќник.

Режија: Брус Робинсон
Улоги: Џони Деп, Амбер  Херд, Џовани Рибизи, Арон Екард... 


Четврток, 13:30

Писател во сенка (Ghost Writer)

Еден писател на биографии ќе се согласи да ги напише мемоарите на поранешниот британски премиер Ланг. Сите други го убедуваат дека ова е негова животна шанса да ја напише својата најдобра книга. 

Додека пишува тој открива тајна поради која, најверојатно, неговиот претходник бил убиен.

Сега се прашува дали да продолжи или не...

Режија: Роман Поланскиж
Улоги: Јуан Мекгрегор, Пирс Броснан, Оливија Вилијамс


Четврток, 23:00

Зборовите (The Words) 

Еден површен, неуспешен писател кој има повеќе желба, отколку талент, ќе пронајде еден ракопис и ќе одлучи да го објави како свој.

Романот ќе му донесе голема популарност и тој ќе почне да ужива во неа.

Тогаш на сцената стапува вистинскиот автор кој одлучува да му го загорчи животот на плагијаторот.
Целата оваа приказна ја опишува во своја книга еден друг писател...

Режија: Брајан Клугман, Ли Стернтал
Улоги: Бредли Купер, Џереми Ајронс, Денис Квејд, Оливија Вајлд...