Серии

Воена академија

Приказната го следи животот на неколкумина кадети и кадетки од моментот кога дознаваат дека се примени на студиите на Воената академија. Во тој момент тие се соочуваат со вистината дека за нив заврши животот на граѓани без униформа и посебните војнички обврски и дека влегуаат во една нова фаза во животот во која ништо не е исто како порано.

Наскоро...

Телевизиската серија „Воена академија“ го опишува секојдневието на една група воени кадети кои се примени своето образование и професионални војнички вештини да ги стекнат во образовните и тренинг институциите на армијата.

Тука почнува нивното образование и обука за пилоти на воени авиони и други воени летала, а годините поминати во факултетските домови се исполнети со многу авантури, љубовни приказни и други лични и семејни драми.


Приказната го следи животот на неколкумина кадети и кадетки од моментот кога дознаваат дека се примени на студиите на Воената академија. Во тој момент тие се соочуваат со вистината дека за нив заврши животот на граѓани без униформа и посебните војнилки обврски и дека влегуаат во една нова фаза во животот во која ништо не е исто како порано.

Со оваа реалност се соочуваат мажи и жени, различни карактери, кои соодветно на нивните навики и оденсување, оваа стварност на доживуваат повеќе или помалку драматично.

Оттаму е и заплетот на оваа ТВ серија.


Во новиот амбиент, во новото секојдневие на една строга воено-академска средина, тие треба да ги тестираат своите способности да воспостават рамнотежа меѓу потеребите и навиките пред да стапнат во дворот на воената академија, со оние кои сега се налагаат како неопходни заради посебниот ред и дисциплина.

Тука се и нивните родители, пријатели, девојки, љубовници кои сега треба да ги прифатат или отфрлат во една нова светлина. Тука се отвораат и нови пријателства, љубовни врски, судири со авторитетите...


Сценарио: Гордан Михиќ
Режисер: Дејан Зечевиќ
Улоги: Радован Вујовиќ, Бојан Периќ, Тијана Печенчиќ, Драгана Дабовиќ, Иван МИхаиловиќ, Бранко Јанкович, Јелисавета Орашанин, Љубомир бандовиќ, Небојша Миловановиќ...