Документарна

Моето ново јас

„Моето ново јас“ е телевизиска приказна за жени кои добиле единствена прилика да го променат својот физички изглед за да ја вратат смислата на нивниот живот и да ги совладаат сите проблеми што ги имале заради тоа.

Петок, 21:00

„Моето ново јас“ е телевизиска приказна за жени кои добиле единствена прилика да го променат својот физички изглед за да ја вратат смислата на нивниот живот и да ги совладаат сите проблеми што ги имале заради тоа.

Тие живеат во тешки услови со многу ниски социјални и материјални стандарди и нивниот изглед никогаш не бил нешто на што можеле да му посветат внимание.

Животот не бил милозлив кон овие жени. Негувањето и грижата за сопственото тело или воопшто ги немало или биле секогаш на последно место. Тоа предизвикува сериозни психолошки, а не ретко, и здравствени проблеми.

Оваа емисија има за цел да го преобрази нивниот изглед и да ја врати нивната самодоверба. Целата екипа на оваа емисија е посветена на тоа да ја подготви и да ја следи целосната трансформација на овие луѓе. 

Тие пред стартот на мисијата посветена на нив зборуваат за нивните трауми и проблеми, а во текот на емисијата сведочат за тоа како им се враќа волјата за живот.

Во позадината на овие, понекогаш екстремни хируршки зафати, го откриваме хуманиот пристап и разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат учесниците во оваа емисија. Во текот на процесот гледачите ги следат сите фази на подготовки, на оперативните зафати плстичните хирурзи, офтамолози и стоматолози, како и постоперативниот период.

Кандидатите во емисијата поминуваат и до три месеци надвор од нивниот дом, во посебни пансиони, во кои после хируршките постапки се подложени и на психолошко опоравување и прилагодување на новиот изглед.

Членовите на нивните семејства можат да ги видат само на крајот од трансформацијата кога тие се подготвени за новата фаза во животот.

За целосната трансформација се грижи тим од најдобри фрисери, шминкери и стилисти.

Ова реално шоу е приказна на Пепелашка која за учесниците во серијата станува реалност